Тепачка во Скопје: Татко и син завршија во болница

Вчера околу 23:30 часот пред чајџилница во село Батинци, скопко, М.Н. и уште неколку непознати лица физички ги нападнале 53-годишниот Љ.Г. и неговиот 32-годишен син И.Г., двајцата од село Батинци.

Од нападот, Љ.Г. и И.Г. се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. На нив им била укажана лекарска помош и биле задржани на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

Полицијата ги презема потребните мерки за целосно расчистување на случајот.