Тепачка во Скопје - полицајци нападнати со нож и уништен автомобил

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во 19:35  часот во Скопје, на игралиштето на место викано „Јурија“, имало нарушен јавен ред и мир со тепачка од страна на 21-годишниот М.Ш. од Гостивар, 20-годишниот Ф.Н.од Гостивар од една и 23-годишниот С.А. и 49-годишниот И.К. од Скопје од друга страна. 

Во текот на нарушувањето оштетено било и едно патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистерски таблици. При интервенирањето на полициски службеници Ф.Н. замавнал со нож и истиот го фрлил кон еден од полициските службеници, но полицискиот службеник успеал да се оттргне. При приведувањето на лицата бил повреден полициски службеник во пределот на ногата. 

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следат соодветни поднесоци.