Тепачка во Скопје, интервенирала полицијата

На улицата „Брсјачка буна" во Скопје, по претходна расправија, дошло до физичка пресметка помеѓу Р.А. (40), А.А. (41) и С.Х. (18), од една страна и Б.Е. (27) и Е.П. (31), од друга страна, сите од Скопје.

Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.