Тепачка во Поликлиниката „Ѓорче Петров“- пациентите видно вознемирени

Вчера вечер, во полициската станица во Ѓорче Петров, било пријавено дека во дежурната служба на Поликлиниката „Ѓорче Петров“, пациенти го нарушувале јавниот ред и мир.

Веднаш на местото на настанот се упатил сменоводителот кој се обидел да ги легитимира, при што бил спречен, односно пациентите го турнале, му го зеле тефтерот и рачната радио станица и ги фрлиле, а потоа ја напуштиле поликлиниката и со автомобил од марката „ Мерцедес“ се оддалечиле во непознат правец. 

Полицијата направила удив на лице место и ги презема сите потребни мерки за расчистување на случајот.