Тепачка во Идризово: Затвореници завршиле на ургентен

На 16.01.2018 година околу 12,15 часот во Казнено поправна установа -Затвор Идризово, во амбулантното одделение, настанала тепачка помеѓу затворениците М.З.(36) и Д.Р.(42).

Во неа на Д.Р. му се нанесени тешки телесни повреди констатирани на Клиника за максилофасцијална хирургија, каде што е задржан на понатамошно лекување.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.