Тепачка во хотел во Аеродром, се пресметале двајца вработени

 

Двајца вработени во хотел во скопски Аеродром физички се пресметале на работното место.

- На 10.04.2026 околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред хотел на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија за работните задачи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.И.(28) и Б.М.(36), двајцата од Скопје, вработени во хотелот, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.