Тепачка во ГТЦ: Скопјанец физички нападнал возрасен маж, па се пресметувал со полицијата

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 22.00 часот во Градскиот трговски центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ј.(47) од Скопје, затоа што со уште две лица физички го нападнале М.З.(68) од Скопје, а се однесувал агресивно и се обидел физички да нападне и полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Од полицијата информираат дека нему му бил сочинет записник за констатиран прекршок по член 4, 6 и 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.