Тепачка во Чаир поради недоразбирање во сообраќајот

Во текот на вчерашниот ден едно лице било физички нападнато поради недоразбирање во сообраќајот.

- На 09.01.2023 во 12.34 часот во Полициската станица Чаир, Е.Ч.(36) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот на подрачјето на Чаир, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од А.Л.(36) од Скопје, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.