Тепачка во Центар поради недоразбирање во сообраќајот

Вчера се степале две лица на подрачје на Центар.

- На 7 март 2023 во 14.25 часот во СВР Скопје, А.Л.(30) од Скопје пријавил дека околу 13.50 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.