Тепачка среде поплавите во Скопје

Околу 11 часот и 30 минути вчера на улицата „Роман Каскаљиевиќ“, од работниците кои биле ангажирани за расчистување на поплавените куќи, дошло до нарушување на Јавниот ред и мир со тепачка. Лицата А.С., Б.С. и З.С. од едната страна и М.A. од друга страна си размениле по неколку удари по лицето и телото со што се здобиле со видливи поверди главата и телото.

Поднесени се четири записници за констатиран прекршок.

Инаку, вчера регистрирани се 43 пријави од граѓани кои пријавиле поплавени простории, површини, возила и ниви како и штети предизвикани од невремето на подрачје на СВР Скопје.