Тепачка пред дискотека во Карпош, нападнати и полицајци на должност

Две лица уапсени по полноќ пред дискотека во Карпош. Откако се степале, нападнале и полицајци на должности. 

- На 28.03.2026 пред дискотека на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.А.(30) од с.Горна Бела Црква, ресенско и Х.Д.Е.(34) од Турција, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир и дека физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени дејствија, соопштија од полицијата за овој инцидент. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.