Тепачка поради имот среде улица во Берово

Поради имот, две лица физички се пресметале на улица во Берово. 

- На 29.04.2026 во 11:30 часот во ОВР Берово е пријавено дека на ул. „23-ти Август“ во Берово, по претходно нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.С. (71) и М.К.(64), двајцата од Берово, информираа од полцицијата. 

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.