Тепачка помеѓу затвореници во Идризово

Министерството за внатрешни работи информира дека осуденик во затворот Идризово, Ч.Р. (24) од Кочани пријавил тепачка.

- На 13.06.2022 во 02.30 часот пријавил дека на 12.06.2022 околу 21.00 часот по кратка расправија настанала физичка пресметка со Ќ.Н, а притоа бил употребен и остар предмет, информира полицијата

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.