Се степале двајца скопјани во стариот дел на Охрид, објави локалниот портал Охриднет.
Физичка пресметка меѓу две лица од Скопје е случена околу 17.30 во куќа на улицата Кузман Капидан во Охрид.
Напаѓачот, кој употребил остар предмет е приведен, а повредениот со сериозни повреди е пренесен во Општа болница во Охрид.
-Се преземаат мерки за расветлување на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.