Тепачка помеѓу двајца скопјани во Охрид, едниот со тешки телесни повреди пренесен на Ургентен

Се степале двајца скопјани во стариот дел на Охрид, објави локалниот портал Охриднет.

Физичка пресметка меѓу две лица од Скопје е случена околу 17.30 во куќа на улицата Кузман Капидан во Охрид.

Напаѓачот, кој употребил остар предмет е приведен, а повредениот со сериозни повреди е пренесен во Општа болница во Охрид.

-Се преземаат мерки за расветлување на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.