Тепачка на гласачко место во скопски Бутел

Пред пола час на гласачко изборно место во основно училиште „Петар Здравковски Пенко“ во општина Бутел се степале две лица. Тепачката се случила во училиштето, по што реагирало полициското обезбедување, пренесува Макфакс.

Лицата се отстранети од местото, и гласањето продолжило со нормален тек.