Тепачка на две групи на улица „Лазар Трповски“

На 19.08.2019 во 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Лазар Трповски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Д.(68), Е.Д.(43) и Е.А.(36), сите од Скопје, од една страна и Д.А.(56), К.А.(58) и С.А.(50), сите од Скопје, од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.