Тепачка на Бит Пазар: Малолетник нападнат од тројца насилници

Вчера бил нападнат еден малолетник на подрачјето на Бит Пазар.

- На 23.01.2023 во 11.44 часот во СВР Скопје, Ш.Р.(36) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници, при што едниот од нив му се заканил со остар предмет, информира МВР.

Се работи на расчистување на случајот.