Тепачка меѓу затвореници во Идризово

Пред неколку дена се степале двајца затвореници во затворот Идризово.

- На 24.01.2023 во 10.00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот Е.Н.(23) од Гостивар на дежурен командир пријавил дека на 20.01.2023, по претходно нерасчистени односи, бил физички нападнат од друг осуденик О.М., кој употребил тврд предмет, информира МВР.

Се работи на расчистување на случајот.