Тепачка меѓу тројца мажи во Карпош

Синоќа се степале тројца мажи на подрачје на Карпош.

- На 08.03.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.И.(39) и А.И.(46), од една страна и К.Л.(24), од друга страна, сите од Скопје, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.