Тепачка меѓу полицајци пред ресторан во Скопје, следувало апсење

Полицајци се истепале пред угостителски објект, објави дополнителниот министер во МВР, Митко Бојмацалиев. Тој посочува дека еден полицаец нападнал друг, па бил уапсен.

„Згрозен сум од чинот што се случи ноќеска кога колега полициски службеник нападнал друг колега пред угостителски објект којшто во тој момент извршувал службени дејствија. Напад врз полициски службеник е напад на држава! Истиот е лишен од слобода и повикувам внатрешна контрола и СВР Скопје да постапат соодветно и максимално професионално.

Македонската историја не памети ваков случај на поранешен висок полициски функционер да нападне и спречи свој колега во извршување на својата службена должност.

Ова е преседан во полициското работење, повикувам максимално професионално да се расветли овој случај во интерес на граѓаните и државата!“, напиша тој.