Тепачка меѓу малолетници прерасна во пресметка меѓу родители во Кисела Вода

Тепачка меѓу малолетници на игралиште во Кисела Вода прераснала во физички пресметки меѓу нивните родители.

Според пријавеното во СВР Скопје, на 13 август околу 21:30 часот, малолетната ќерка на 35-годишниот Б.Б. од Скопје била физички нападната со пластично шише од двајца малолетници.

Откако родителите пристигнале на местото, малолетниците се разбегале во двор од соседна куќа. Б.Б. ги задржал, по што бил физички нападнат од 46-годишниот Б.Ц., татко на еден од малолетниците.

Од друга страна, Б.Ц. пријавил дека околу 22:00 часот, во двор во Кисела Вода, неговиот малолетен син и неговиот другар биле физички нападнати од Б.Б., откако претходно еден од малолетниците ненамерно ја удрил малолетничката со пластично шише.

Дополнително, 45-годишниот А.Х. од Скопје пријавил дека околу 22:15 часот во Кисела Вода, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.Б.

Од СВР Скопје информираат дека по преземените мерки случаите се расчистени, а по целосното документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.