Тепачка меѓу две групи во двор во Инџиково - Учествувала и 63-годишна жена

Групна тепачка во скопско Инџиково се случила завчера доцна вечерта. 

- На 15.01.2026 во 22:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во село Инџиково, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 62-годишната Ж.Т., Т.Т.(62) и Б.Т.(37) од една страна и С.Д.(43) и Д.Ј.(42) од друга страна, сите од с.Инџиково, кои притоа употребиле и тврди предмети, известија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.