Тепачка меѓу двајца мажи во Скопје

Вчера се случила тепачка во објект на „23 октомври“ во Скопје.

- Во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект на ул.„23 Октомври“ во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.А.(45), вработен во објектот и А.К.(47), двајцата од Скопје, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.