Тепачка меѓу двајца мажи во основно училиште во Центар

Вчера се случил инцидент во основно училиште на подрачје на Центар.

- На 09.03.2023 во 14:10 часот во СВР Скопје, Г.К.(46) од Скопје пријавил дека на работното место во основно училиште на подрачје на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.Ф.(40) од Струга, вработен како обезбедување во училиштето, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.