Тепачка меѓу четири лица кај Бит Пазар, едно од лицата во тепачката е девојка

По претходно меѓусебно недоразбирање, настанала тепачка помеѓу четири лица на подрачјето на Бит Пазар, од кои едно лице е 24-годишна девојка.

„Денеска (09.09.2025) во 00:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Х.Џ.(40), М.Џ.(63), Д.Џ.(36) и 24-годишната И.М., сите од Скопје, се наведува во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.