Тепачка кај поликлиника „Ѓорче Петров“, момче натепано со тврд предмет во Чаир

Во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на Поликлиника „Ѓорче Петров“ на бул. „Партизански одреди“, П.А. (28) од Скопје, поради меѓусебно недоразбирање, бил физички нападнат од О.Н. (47) од Скопје. 

Во Полициската станица Бит Пазар, пак било пријавено дека А.Б. (26) од Скопје околу 22 часот на ул. „Павле Илиќ“, нас. Чаир, бил физички нападнат со тврд предмет од две лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.