
Од вечерва во Кавадарци почнува традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“.
Марија Шерифовиќ, Наташа Беквалац, Џејла Рамовиќ, Либеро Бенд, Тајзи, Раста, Андријана Петрушовска се музичките имиња што годинава ќе настапат на манифестацијата.
Вечерва кавадарчани и гостите во градоот ќе се забавуваат со настапите на Трио Мањифико, Акустико Лајт и Акустико, Тајзи и Теодора Џехверовиќ .
Од општината појаснуваат дека поголемите настани од културно-уметничка, едукативна и забавна програма, ќе опфатат повеќе локации од градот.
- Дел од настаните се предвидени да траат и до еден часот по полноќ, а поради подготовките, уште од 3 септември, улиците околу централното подрачје нема да бидат проодни за возила, потенцираат од локалната самоуправа.
Оттаму изразуваат надеж за разбирање и поддршка на настаните што следуваат. Посакаа овој „Тиквешки гроздобер“ да биде уште една убава приказна под отворено небо.
Покрај традиционалниот тиквешки карневал, богатата музичка програма, мото рели, таблијада и други настани, планирани се и „Гроздоберска трпеза“ и „Тајна дегустација на вино“.