Тенка и слаба коса? Проверете дали ги правите овие грешки

Стилизирањето на косата не секогаш е успешно кога самата е природно тенка и безживотна. Сепак, постојат одредени грешки кои и самите ги правиме за да придонесеме за таквиот изглед. 

Ова се петте најчести грешки поради кои косата изгледа како да е залепена на вашата глава:

Користите премногу кондиционер

Кондиционерот е важен дел од целосната нега на косата, но многумина прават грешка со неговата употреба иако не се свесни за тоа. Најпрво, не треба да го нанесувате во коренот, туку само од половината на должината до врвовите, а потоа треба добро да го исплакнете, додека мократа коса не почне да ви „шкрипи“ меѓу прстите. 

Не користите препарати за волумен

Постојат козметички производи во форма на спреј или пудра, што можете да ги нанесете во коренот и тие да додадат визуелно повеќе волумен. Исто така, користете и шампон и регенератор за повеќе волумен на косата. 

Користите преса за исправување пречесто

Со исправувањето на косата автоматски правите таа да изгледа тенко и безживотно по само неколку часа. Како што можете да видите, дури и Кејт Мидлтон и Меган Маркл најчесто ја носат косата природна, без многу стилизирање, па зошто да не можете и вие самите така. 

Лош избор на скратување на косата

За повеќе волумен, потребно е да ја обликувате косата слоевито. Рамното шишање визуелно прави косата да изгледа тенка и без волумен. 

Не користите пена за коса

Пената за коса е клучна кога ви е потребно да додадете повеќе волумен и текстура на својата фризура. Заборавете на мазното пеглање на косата, „изгужвајте“ ја со пена за коса и исушете ја со фен.