Тенис парк во срцето на Аеродром (фото)

Еден час играње тенис е една од најдобрите форми на интервален тренинг за човекот. Крајот на играта носи испуштање на ендорфин кој прави да се чувствувате добро.

Во СЦ „Јане Сандански“ Ви нудиме одлични услови да се релаксирате на 4-те тениски терени со земјена подлога, а обезбедени се и соблекувални и тушеви. Во состав на тениските терени е и урбаниот кафе бар во кој може да се опуштите пред или после тренинг, но и да закажете термин за Ваш важен настан. Откријте го спортскиот новитет во Македонија „Падел Тенис" - одлична игра која нуди многу забава за сите возрасти, овозможено преку ново изградените терени наменети токму за Падел. Како нова содржина ви го претставуваме и рекреативниот бадминтон, кој е воведе од неодамна во нашиот Тенис парк.

Мислевме и на најмалите – обезбедени се лулашки и играчки за анимација на децата. И додека Вие се забавувате во Тенис паркот, за хигиената на Вашиот автомобил со најквалитетни средства за автокозметика ќе се погрижат во автопералната SONAX.

Тенис парк е во склоп на СЦ „Јане Сандански“, кој ги нуди и следните содржини: Спа центар, ресторан, скај бар, конференциска сала, фитнес и аеробик.

Комерцијален текст