Тендерот за пречистителна станица во Скопје завршил, ама Арсовска не сакала да го потпише договорот

Постапката за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје е заршена, но градоначалничката Данела Арсовска не сакала да го потпише договорот, објави „СДК.мк“.

Засега нема конкретен одговор ниту од градоначалничката, ниту од директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Драган Илиевски зошто не е потпишан договорот за реализација на проектот кој чини 137 милиони евра.

Изборот на фирма-надзор бил направен пред неколку месеци, а завршена била и постапката за избор на фирма која ќе ја гради пречистителна станица, откриваат извори за „СДК.мк“.

Парите за реализација на проектот, односно 137 милиони евра се обезбедени преку кредит од Европската инвестициона банка.