
На екстремно високи температури, скопјани со денови без вода.
Само денеска скопски Водовод извести за неколку прекини во водоснабдувањето. Како што се наведува во нивните известувања, повеќето прекини на скопските улици се поради санација на дефекти на водоводни цевки.
Жителите на Скопје и околината, со денови, пак, го искажуваат своето незадоволство што одредени периоди од денот треба да функционираат без вода, или со вода со намален притисок среде лето. Нивните реакции одат во насока дека „Вододод“ и надлежните треба благовремено да ги санираат сите дефекти при кои се случува истекување на вода непотребно и сведочат за такви настани.
Претходните денови ЈП Водовод и канализација – Скопје сподели дека дека се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, што предизвикува повторно нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем.
Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, соопштуваат од Водовод.
Скопјани се ѓалат дека е навистина напорно без вода на температури од +40 степени.
Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C, прогнозираат од УХРМ.