Температурите до 39 степени, попладне дожд и грмежи

Ќе ни донесе ли денов мало освежување додека живата на термометарот се искачува до 39 степени?

Според прогнозите на метеолозите, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени, јавува УХМР.

Во нареднитде денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која на места ќе достигне до 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.