Температурата и понатаму над просекот

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движи од 2 до 19 степени, а дневната температура од 22 до 29 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со утринска температура до 7 степени, а дневна температура до 27 степени.

Од УХМР посочуваат дека во наредните денови не се очекува промена на временската состојба, ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.