„Темниот бакнеж“ - танцова претстава од деца за деца на Колектив Ветерница

Колектив Ветерница ја најавува својата нова - шеснаесетта премиера по ред, под наслов „Темниот бакнеж“. Во неа учествуваат 30 деца од групите по танцов театар на возраст од 5 до 13 години, Претставата е работена во последната учебна година, а истата раскажува за темниот бакнеж на сонцето и месечината, кој ќе ескплодира во безброј магични сплетки на шумските самовили, нивните сестри вештерки и браќа гаврани. Претставата изобилува со музика и танц и е соодветна за секоја возраст. Костимите и сценографијата се на Колективот Ветерница кој веќе 5 години активно се занимава со продукција на независен танцов театар од деца за деца.

Премиерата е закажана за 20ти мај (понеделник) од 19:30 часот во МКЦ Кино Фросина, на чија билетара може да се набават билети по 150 денари.