Тело на починато лице пронајдено во близина на реката Лепенец

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Орман, скопско, во близина на реката Лепенец, на место викано „Лески“, било пронајдено тело на починато лице.

Полициски службеници извршиле увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Претходно Министерството за внатрешни работи информираше дека тело починат скопјанец е пронајдено во објект во изградба на улицата „Орце Николов“.