Телеком носи засилување за утрешниот натпревар со Црна Гора

Телеком носи засилување за утрешниот натпревар со Црна Гора.

Македонија е во транс по синоќешната еуфорија што ни ја приредија нашите ракометари. Се` поголем е бројот на навивачи кои преку социјалните мрежи се организираат за во живо да ги проследат преостанатите два натпревари од првата групна фаза во Загреб.

Телеком, партнерот на РФМ носи засилување од навивачи за да ги бодрат нашите најдобри ракометари на утрешниот натпревар против Црна Гора.

Вечерва од Скопје тргнува магента автобусот со 50 најсреќни добитници од наградната игра на Телеком преку ФБ.