„Авалон продукција“ соопшти дека една од најголемите британски поп рок атракции, „Тексас“, за прв пат доаѓа на Балканот. Концертот ќе се случи во сабота на 23 јуни, на вториот фестивалски викенд на „Скопје колинг 2018“.

Тексас до 2018 година имаат продадено албуми во 40 милионски тираж, потоа, неверојатни 13 синглови кои се најдоа во престижната UK топ 10 листа, 3 албуми кои се најдоа на врвот на UK листата и 8 албуми на UK топ 10, вклучувајќи го и последниот студиски албум „Jump On Board“ кој е издаден во мај 2017 година.

Од Авалон информираат дека сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 06-ти март, во 21 часот.