Техничките факултети при УКИМ ќе одбележат 60 години постоење

Техничките факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе ја одбележат 60-годишнината од постоењето.

На одбележувањето што ќе се одржи вечер во Националната Филхармонија ќе се обратат премиерот Зоран Заев, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, деканите на Машинскиот факултет, Дарко Донев, на Факултетот за електротехника и информациони технологии, Димитар Ташковски и на Технолошко-металуршки факултет, Јон Магдески.