Здружението „Љубезност“, познато по своите хуманитарни активности и поддршката за ранливите категории граѓани, на 14 и 15 октомври ќе ја организира акцијата „Тегла +“, со цел да собере прехранбени и кондиторски производи за социјално загрозени семејства и лица на кои им е потребна помош.

Граѓаните ќе можат да донираат производи од 13 до 20 часот на две локации во Скопје: во Веро Центар, кај продавницата Џамбо, и во Веро 2 во Тафталиџе.
Постапката е едноставна. При пазарувањето, граѓаните можат да изберат производи што сакаат да ги донираат и да ги остават на означените места кај волонтерите на здружението.
Со акцијата, „Љубезност“ ги повикува граѓаните да се вклучат во создавањето синџир на солидарност и да придонесат за полесно секојдневие на семејствата што се соочуваат со финансиски тешкотии.
Хуманитарната акција ќе се одржи на 14 и 15 октомври, од 13 до 20 часот, на локациите Веро Центар и Веро 2 во Тафталиџе. Секоја донација е добредојдена.