Течност против замрзнување на улиците на повисоките места во Бардовци, Жданец и Трнодол

Зимската служба на Карпош распрскува емулзиона течност на повисоките места во Бардовци, Жданец и Трнодол. Станува збор за средство кое спречува заледување на коловозот во пресрет на најавените снежни врнежи.

- Во комуникација сме со УХМР, при што се очекува снег во попладневните и вечерни часови, како и во текот на утрешниот ден (од 2 до 5 cm во скопската котлина). Примарно ќе се чистат повисоките места (населби), како и местата каде што има зголемено движење на граѓани, објави градоначалникот Стефан богоев.