Театар: “Земја во која не се стигнува” – мјузикл за деца со деца

“Земја во која не се стигнува” во режија на Виолета Џолева е претставата која денеска (14 декември) од 19 часот ќе се одигра во Театарот за деца и младинци.

Ако чувствувате дека околу вас се е грдо – девојчињата ве исмеваат, возрасните мислат дека ништо не знаете, мајките само ве опоменуваат, наставниците ве караат дека сте мрзеливи, а татковците дека сте плачковци… побарајте го чичко Се и децата кои играат во првиот македонски мјузикл за деца со деца. Тие ќе ве одведат во волшебната земја на Оливера Николова, а таму ќе ве чекаат прекрасните песни на Александар Џамбазов.

Во претставата настапуваат актерите Драган Спасов-Дац, Катарина Илиевска Силјановска, Мартин Јорданоски, како и поголем број деца.