Театар: Стендап шоу на Никола Тодороски

Најновото стендап шоу на македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски насловено “Вештачка интелигенција природна глупост”, утревечер (26 октомври) во 20 часот ќе се изведе на малата сцена на Македонскиот народен театар.

“Вештачка интелигенција природна глупост или за тие што бегале од часовите по англиски, еден човек со микрофон и 75 минути пеколна комедија која ја исмева човечката глупост!”, се зборовите со кое се опишува ова стендап шоу на Тодороски со кое тој е најавено дека ќе настапува на балканска турнеја во 5 држави и во 23 градови. Тодороски е познат по својот специфичен хумор, а освен во Македонија настапува и на Балканот и во Европа.