Театар: “Силјан Штркот шанца“ на Јаниќијевиќ во МНТ

Претставата “Силјан Штркот шанца“ на Дуковски и Јаниќијевиќ публиката ќе може да ја види утревечер (20 часот) во Македонскиот народен театар.

Премиерно прикажана на 21 април 1946 година, Силјан Штркот живее 70 години на сцената на МНТ, најпрво во драматизација на Петре Прличко, според избор од македонското народно творештво, објавено во трудовите на Марко Цепенков, а сега во драматизација на Дејан Дуковски, потпирајќи се и продолжувајќи ја таа традиција.

Силјан Штркот започнала преку изработката на куклите и режијата на Светлана Малахова, и продолжува да живее денес преку маските и музиката режирани и водени од Срѓан Јаниќијевиќ. Некогаш се изведувала со куклите раководени од актери…., а денес живее преку нивната жива игра.