Театар Комедија снима документарец за актерката Анче Џамбазова

Националната установа Театар Комедија започна да снима документарен филм за големата актерка Анче Џамбазова. Од театарот велат дека овој филм ќе биде под режисерската палка на Миле Гроздановски, а сценариото го изработи Гоце Трајковски.

Во филмот ќе бидат прикажани разни аспекти од животот и кариерата на големата актерка Анче Џамбазова, а премиерата на документарецот ќе биде во рамките на Фестивалот ,,Гола Месечина”, односно на последната вечер од фестивалот (9 септември). Инаку, Фестивалот е под покровителство на Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин, а ќе се одржи од 2 до 9 септември годинава.