Традиционално и годинава, во хотелот „Александар палас“ во Скопје, се одржа традиционален Европски Ромски бал – настан кој секоја година обединува љубители на ромската култура и музика од целиот регион.
Еден од главните гости на Ромскиот бал годинава беше Мухарем Сербезовски, легенда на народната ромска музика, а присутните ги забавуваше и мега популарната српска пејачка Теа Таировиќ и балканската музичка ѕвезда Адил.
Се бираше и најубава Ромка!
На Ромскиот бал и годинава имаше бројни гости од јавниот живот, меѓу кои политичари, пејачи, водители, инфлуенсерки...
Организатор на настанот е Габриел Бајрам, кој ја продолжува семејната традиција започната од неговиот татко, покојниот пратеник Амди Бајрам.