Те сакам тато, чувај ме иако си далеку од мене

И небото плачеше денес заедно со мене. Ме боли душата. Велат со тек на време се поминува, но мојата болка никако да помине.

Секој ден се повеќе и повеќе боли.

Ти ми беше се, мојот херој, татко, другар со тебе имав живот, а сега и тоа го немам. Останаа само спомените откако небото ми те зема.

Понекогаш се прашувам дали ме гледаш таму од небото, дали плачеш заедно со мене? Секој ден без тебе е пекол тато.

Тебе одамна те нема, ме остави и замина без да кажеш како понатаму да чекорам.

Секогаш ми велеше да бидам силна. И бев тато, секогаш бев силна и издржав досега, ќе бидам силна и понатаму.

Веќе пораснав тато, каде си сега да ме видиш и да ме прегрнеш онака цврсто да ми кажеш “сине” бидејќи секогаш ме нарекуваше така.

Никого не сакам колку што тебе те сакам, секогаш си присутен во моето срце и мисли.

Те сакам тато, чувај ме иако си многу далеку од мене.