Тажна вест: Почина македонската оперска певица - првенка на македонската опера

Во Скопје, на 90-годишна возраст,  почина поранешната првенка на Македонската опера. Павлина Апостолова-Богданова припаѓа на прават генрација оперски солисти што ја формираа македонската  оперска сцена и музичка култура. До нејзиното заминување во пензија,  со изведби на 4о-тина главни улоги и познати арии во речиси половина од дотогаш изведените оперски премиери во МОБ, со концертирања во земјата и странство, беше вреднуван и ценет вокал.

Со својот сопруг Петре Богданов – Кочко, еден од основоположниците на македонската Опера, но и композитор, педагог и певец, Апостолова е вградена во темелите на современата македонскта култура. 

Таа се здоби и со стаус на истакнат македонски уметник.

Погребот е извршен денеска во кругот на најблиските.