Пред неколку дена во Скопје почина кошаркарот што под водство на Лазар Лечиќ почна да ги пишува најубавите страници на Работнички, преставникот на Македонската кошарка во првенството на поранешната држава.

Заедно со Андоновски, Боцевски, Ѓорчевски, браќата Луковски, Георгиевски, Радосављевиќ, Тодор Тевчев ќе остане запаметен во аналите на нашиот спорт, а Македонската кошаркарска федерација во тажниот момент за семејството Тевчеви и на овој начин сака да се заблагодари за неговиот придонес.