Тажна слика среде незаменливото Водно

Недоизграденото детско одморалиште на Водно и натаму стои како зграда на духови. Оваа зграда никако да се доврши откако во 1982 година биле прекинати гардежните работи.

Oбјектот повеќе од 36 години е само бетонска грдосија изградена среде Водно, на 900 метри надморска височина.

Делува морничаво иако околу блика од природната убавина на омиленото скопско излетиште.

Практично, покрај веќе постоечкото детско одморалиште кое е, за жал, исто така, запуштено и оставено да пропаѓа, бил намен за деца кои би се одмарале, дружат, дишат чист воздух.

Во 2014 година владата реши неколку вакви објекти во цела Македонија да ги продаде по цена од 50 илјади до 400 илјади евра. И новите сопственици требаа во овие објекти да ги користат како детски одморалишта.

Овој и слични на овој објект-детски одморалишта се во надлежност на Министерството за труд и социјална работа.